Белорускиот шампион БАТЕ Борисов во четвртокот ги посрамотија Арсенал победувајќи го англискиот гигант со 1:0 во меч од 1/16 финалето на Лига Европа, и потоа во петокот наутро прославија со хамбургер во „Бургер кинг“.
Во ужасен меч за „топчиите“, БАТЕ Борисов, тим кој инаку нема конкурентен меч два месеци, стигна до својата прва победа во еден меч од нокаут фазата.
Дел од англиските медиуми беа присутни во Белорусија, и еден од нив, Чарлс Ватс ги забележа фудбалерите на клубот (вклучувајќи го поранешниот фудбалер на Арсенал, Александер Хлеб) како слават во 8 часот наутро со хамбургер во „Бургер кинг“. Доколку ги поминат Арсенал и во Лондон има ресторани на „Бургер кинг“.
Nothing rubs salt into the wounds more than sitting next to Alex Hleb and the BATE team while they celebrate beating Arsenal by wolfing down a Double Whopper meal at 8am pic.twitter.com/7DOW4XYsXE
— Charles Watts (@charles_watts) February 15, 2019