Фенербахче потврди дека се разделиле со тренерот Ерсун Јанал со взаемен договор по болниот домашен пораз од Галатасарај во „Интерконтиненталното“ турско дерби.
Галата го совлада Фенер со 3:1 на нивниот „Улкер“ стадион првпат по повеќе од 20 години, предизвикувајќи бура незадоволство од навивачите, кои мораат да трпат уште една потпросечна сезона.
Вториот најтрофеен турски клуб во моментов се на седмото место во Супер лигата, со 9 поени зад второпласираните Галатасарај и првопласираните Трабзонспор по лошиот старт на пролетниот дел од сезоната.
Kamuoyuna bilgilendirme
— Fenerbahçe SK (@Fenerbahce) March 1, 2020
Фалкао со гол, победа за Галата во „интерконтиненталното“ турско дерби (видео)