Поранешниот газда на Челси, Роман Абрамович, откако минатата година беше приморан да го продаде англискиот премиерлигаш, живее тивок живот во Истанбул и не размислува за враќање во фудбалот, јавува репортажата на „Дејли мирор“.
Рускиот милијардер го презеде Челси во 2003 година, и со огромни финансиски вложувања, кои донесоа две титули од Лигата на шампионите, трошејќи над 2 милијарди фунти на трансфери. Но, откако британската влада го стави под санкции поради „јасните докази“ за поврзаност со рускиот претседател Владимир Путин, тој беше приморан да го продаде Челси за 4.25 милијарди фунти (кои не ги доби тој) и постоеја шпекулации дека сака да се врати како газда на неколку турски клубови, како Гозтепе.
Но, според „Дејли мирор“, тој сега е далеку од фудбалот, живеејќи во изнајмена вила во квартот Анадолу Хисари во Истанбул, во куќа која го чини месечно 50.000 евра.
Inside ex-Chelsea owner Roman Abramovich's secret new life in Istanbul https://t.co/TE4DOVNu4b
— Mail Sport (@MailSport) June 14, 2023