Шест години откако се врати во Манчестер јунајтед за 100 милиони евра, Пол Погба денеска пристигна во Торино, правејќи уште еден камбек, овојпат како слободен играч во Јувентус, местото каде што покажа најмногу во клупскиот фудбал.
Французинот не успеа да покаже постојаност и лидерство на „Олд Трафорд“, влегувајќи честопати во конфликт со менаџерите (посебно Жозе Мурињо), и со навивачите, кои очекуваа (пре)многу од него, и, конечно, попладнево пристигна во Италија за да ги комплетира медиинските прегледи пред потпишувањето на договорот.
L’abbraccio ⚪️⚫️ @paulpogba pic.twitter.com/ymWvYG24JH
— JuventusFC (@juventusfc) July 8, 2022
? Torino
?? @paulpogba pic.twitter.com/ggf5gwO6tC— JuventusFC (@juventusfc) July 8, 2022