Top Sport

Ѓоковиќ во осмо финале на Вимблдон, таму го чека човекот кого никогаш не го победил

Новак Ѓоковиќ ќе се судри со стариот познаник Ник Кирјос во обид да стигне до својата седма титула од Вимблдон, откако успеа да го издржи притисокот и загубениот прв сет, за со 2:6/6:3/6:2/6:4 да го сопре Британецот Камерон Нори во интересно полуфинале на „Централниот терен“.

Кирјос уште вчера знаеше дека ќе биде во големото финале, откако Рафаел Надал се откажа од денешниот меч поради повреда на стомачниот мускул, и за својот прв гренд слем трофеј во сингл ќе се бори со Ѓоковиќ, тенисер со кој честопати во минатото имаше непријателски односи, но со кого, како што самиот призна, необично се зближи по поддршката за Србинот за австралиското „фијаско“ со депортацијата на Ѓоковиќ. За Србинот, ова ќе биде шанса да ја освои својата 21. гренд слем титула и да се доближи на само еден од рекордерот Надал, кој победи во Австралија и на неговиот омилен Ролан Гарос оваа година.

По лошиот прв сет, во кој трипати загуби на свој сервис, Ѓоковиќ успеа да ја стабилизира играта и да израмни на 1:1 во сетови и покрај огромната поддршка која Британецот ја имаше од трибините. Серијата продолжи и во третиот сет, во кој Ѓоковиќ направи два брејка за даа поведе со 2:1, пред да го реши мечот во четири сета.

Неделниот дуел во Лондон ќе биде трета пресметка помеѓу Ѓоковиќ и Кирјос, и неочекувано Австралиецот има 2-0 скор, со две победи остварени во 2017 година.

Scroll to Top