Top Sport

По татко му, и Лео Меси си купи „апартманче“ во Милано!

„Сагата“ околу преселбата на семејството Меси во Милано добива нова димензија, откако прво Хорхе Меси купи куќа во близината на седиштетото на Интер, а сега и Лео Меси си купи апартман во италијанскиот град, несомнено зголемувајќи ги шпекулациите за трансфер кај „нераѕурите“.

„Спорт медијасет“ тврди дека мегаѕвездата на Барселона си купил стан во ексклузивниот кварт на Милано, Порта Нуова, инвестиција која доаѓа бргу откако неговиот татко си купи куќа. Главната причина за купувањето на двете нови недвижнини се даночните олеснувања, откако во Шпанија Меси имаше доста проблеми со даночниците и дури мораше да прифати условна казна затвор и да плати висока казна.

Но, сепак, не е тајна дека договорот на Меси со Барселона завршува во 2021 година, и не можат да се отфрлат вестите дека тој не е во најдобри односи со бордот на клубот, по јавната расправија со Ерик Абидал пред неколку месеци. Од друга страна, италијанските медиуми не престануваат да инсистираат дека газдите на Интер, „Сунинг групацијата“, веќе има план од 260 милиони евра за носење на Аргентинецот на „Сан Сиро“.

Таткото на Меси се пресели во Милано, што е следно?

Scroll to Top