Top Sport

По тешката повреда, Лукас Ернандез почна да тренира со топка

Фудбалерот на Баерн Минхен, Лукас Eрнандез, го одработи првиот тренинг со топка, четири и пол месеци откако се повреди на Светското првенство во Катар. Тоа го потврди клубот од „Алијанц арена“.

„Тој се пресели во следната фаза од неговото опоравување со неколку додавања и дриблинзи“, се вели во соопштението на баварскиот клуб, без да се прецизира датумот за неговото враќање на теренот.

Францускиот дефанзивец го одработи првиот тренинг со трчање пред еден месец.

Лукас Ернандез се повреди на натпреварот меѓу Франција и Австралија во првото коло од групната фаза на Светското првенство. Паузата поради повредата на коленото што ја имаше обично трае шест месеци.

Scroll to Top