Фудбалската легенда, Роналдо Назарио, откако го исполни ветувањето и возеше велосипед речиси 500 километри во фудблски „аџилак“ од Валјадолид до Сантијаго де Компостела, доби заслужен одмор на сончевата Ибица со неговата сопруга Селија.
45-годишниот поранешен голгетер на Реал Мадрид и Интер, неколку дена е на популарниот шпански остров во најжешкиот период на летото.
Роналдо, кој е сопственик на новиот шпански прволигаш Реал Валјадолид, исто така има вила на островот, каде што минатиот месец се случи немила случка – додека им ја изнајмуваше вилата на ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Марко Верати и неговото семејство, крадци успеаја да украдат накит и пари во вредност од речиси 3 милиони евра.