Top Sport

Победата над Бордо е слаба утеха за ПСЖ

Лидерот на табелата во првенството на Франција, тимот на ПСЖ, стигна до убедлива победа од 3:0 над Бордо, но фудбалерите во пресрет и во текот на натпреварот добија огромни свирежи од навивачите. Причина за ова е поразот од Реал Мадрид и елиминацијата од Лигата на шампионите.

Килијан Мбапе донесе водство за ПСЖ во 24.минута, а Нејмар беше стрелец на вториот гол на почетокот на второто полувреме. Третиот погодок за „светците“ беше дело на Леандро Паредес во 61.минута.

ПСЖ е пропласиран на табелата во француското првенство со 65 бода, дури 15 повеќе од второпласираната Ница.

Scroll to Top