Top Sport

Победи за Вест Хем и за Кристал Палас

Вест Хем стигна до втора последовна победа во Премиерлигата откако на домашен терен го совлада Фулам со 3:1. Гостите поведоа со голот на Андреас Переира во петтата минута, но израмни Џерод Боувен од пенал во 29.минута.

Во вториот дел, Џанлука Скамака се погрижи за пресврт во 62.минута, а Маихаил Антонио го потврди триумфот во судиското продолжение.

Кристал Палас славеше против Лидс Јунајтед со 2:1. Паскал Струијк во десеттата минута го изненади домашниот тим, но одговорот за израмнување стигна преку Одсон Едуард. Во второто полувреме Езе постигна победнички гол за Кристал Палас.

Scroll to Top