Top Sport

Побега дипломираше на тема Милан!

Фудбалерот на Милан, Томасо Побега дипломираше бизнис-администрација на Пегазо Телематик универзитетот со напис за неговиот клуб, Милан.

Италијанскиот фудбалер од средниот ред се запиша на факултет пред 4 години, додека беше фудбалер на Порденоне, и покрај фудбалот активно се посветил и на студиите, и во ноември му недостасуваше само уште еден испит за дипломирање. Според „Ла газета дело спорт“, Побега го завршил факултетското образование со тема „Социјалната одговорност на Милан“, основан на „росонерите“ и нивните активности надвор од фудбалскиот терен.

Едно од поглавјата на неговата теза е посветена на Фондацијата Милан, која оваа година ја прославува својата 20-годишнина. Фондацијата комплетираше 210 проекти на светот, инвестирајќи 12 милиони евра за помош на 50.000 млади луѓе во „социо-образовни иницијативи“.

Победа, кој има договор со Милан до 2027, оваа година имаше 21 настап за „росонерит“ со два гола во 794 минути игра.

Scroll to Top