Top Sport

„Почесен“ триумф на Јунајтед на гости, но Сити во финалето на Карабао купот (видео)

Манчестер сити ќе играат со Астон вила за титулата од Карабао купот (Англискиот лига куп), иако, тимот на Пеп Гвардиола доживеа фрустрирачки 0:1 пораз на „Етихад“ од лутиот градски ривал.

Исходот на двомечот можеше да се насети од првиот меч, во кој Јунајтед дома загубија со 1:3, но без голем притисок, бидејќи никој не очекуваше чудо, „ѓаволите“ за малку ќе направеа изненадување на гости.

Немања Матиќ, кој долго време го немаше во првиот состав на Оле Гунар Солскјер, во 35. минута од мечот успеа да упати прецизен удар од далеку за да го совлада Клаудио Браво, по што гостите со дефанзивна игра успеаја да ја оддржат предноста до крајот на мечот, иако Матиќ во 76. минута доби втор жолт картон и ги примора соиграчите со 10 играчи да ги играат последните 15-тина минути.

Во тие 15-тина минути, Сити имаше повеќе шанси, а во 84. минута постигна гол преку Серхио Агуеро, но тој беше поништен од ВАР системот.

Scroll to Top