Top Sport

Почетино: Ако Тотенхем ја освои ЛШ, ќе се спакувам и ќе си одам дома (видео)

Маурисио Почетино вели дека може да си замине од клупата на Тотенхем ако неговиот клуб направи „чудо“ и ја освои титулата од Лигата на шампионите.

Тотенхем во среда гостува кај Ајакс со негатива од 0:1 од првиот меч од полуфиналето на ЛШ, така што за лондонскиот клуб ќе биде вистински подвиг ако стигне до финалето, каде што пак го чекаат Барселона или Ливерпул. Аргентинецот вели дека трофејот би бил нешто што тешко може да се подобри.

„Да се освои Лигата на шампиони? Би било фантастично, нели? Да го завршам петгодишното поглавје и да си одам дома. Во вакви услови да се освои Лигата на шампиони со Тотенхем, би било апсолутно неверојатно и вистинско чудо“, вели Почетино.

Аргентинецот е пет години со Тотенхем, откако претходно беше менаџер на Саутемптон и Еспањол.

Scroll to Top