Top Sport

Шифрин го сруши рекордот на Вон со победата на првата трка од новата сезона

Микаела Шифрин стигна до доминантна 75. победа во кариерата на првата трка од новата сезона од Светскиот куп и во исто време го сруши рекордот на Линдзи Вон по бројот на подиуми во една дисциплина.

Американката беше трета по првото возење во финскиот Леви, но имаше маестрално второ возење за да ја победи Швеѓанката Ана Свен Ларсон за 0.16 секунди, додека Германката Лена Дир, која беше првапо прво возење, заврши само како четврта зад олимписката шампионка, Словачката Петра Влхова. Со својата петта победа во Леви, Шифрин на награда доби уште еден ирвас.

Ова беше 67. подиум во слалом за Шифрин, со што ја помина Вон, која имаше 66 подиуми во спуст, а Ингемар Стенмарк останува апсолутен рекордер со 81 подиуми во слалом и 72 во велеслалом. Шифрин сега е на третото место на вечната листа по бројот на победи, зад Вон (82) и Стенмарк (86). Утре на програмата има нов женски слалом во Леви.

Scroll to Top