Top Sport

Почетино: Иднината на Мбапе ќе се знае по освојувањето на титулата

Одлуката за иднината на Килијан Мбапе може да биде донесена откако Пари Сен-Жермен ќе ја потврдат француската титула, вели тренерот Маурисио Почетино.

Околу Мбапе постојат многубројни шпекулации, откако прво се тврдеше дека неговиот слободен трансфер во Реал Мадрид е веќе „решена работа“, пред тој неодамна да изјави дека има „нови детали“ околу неговата иднина.

ПСЖ викендов може да ја освои титулата со освоен поен против Ленс, и Почетино вели дека би сакал Мбапе да остане, но дека одлуката ќе биде негова.

„Како тренер, ситуацијата не е моја грижа, морате да го разберете тоа. Тоа не е само во Париз, туку во сите клубови. Не е првпат да има ваква ситуација со фудбалери и како тренер мораш да се адаптираш. Себично, секако, сакам тој да остане, да го однесам на одмор, дома на гости и да го заддржам во клубот. Се работи за преговори. Одлуката ја носат различни страни. Кога сезоната ќе биде завршена, објективните цели остварени, тогаш ќе дојде и до одлука“, изјави Почетино.

Scroll to Top