Top Sport

Почетино призна: Тотенхем нема да игра оваа сезона на „Вајт харт лејн“

Иако Тотенхем требаше да ја стартуваат сезона на обновениот супер-модерен „Вајт харт лејн“, менаџерот Маурисио Почетино признава дека е тешко да се верува дека тимот ќе заигра на обновениот стадион со 62.000 седишта до крајот на сезоната.

Тотенхем во четвртокот потврди дека дербито на северен Лондон со Арсенал на 2 март ќе се игра на „Вембли“ поради „работа на безбедносните системи“, и менаџерот Почетино признава дека најверојатно ќе останат на „Вембли“ до крајот на сезоната.

„Мојата желба е да играме на новиот стадион пред крајот на сезоната, но ќе видиме што ќе се случи. Чувството ми вели дека тоа тешко ќе се оствари, но тоа е мојот сон“, вели Почетино.

Scroll to Top