Top Sport

Мемфис ќе го повлечат дресот на Гасол

Ден по трејдот во кој Марк Гасол заврши во Торонто Репторс, челниците на Мемфис Гризлис решија да д употреба да ја повлечат 33-та.

Мемфис, во во последните часови од преодниот рок решија да го испратат Гасол во Торонто, а сопственикот на франшизата Роберт Пера, соопштил дека Шпанецот „бил столб на организацијата и клучен фактор во формирањето на идентитетот“.

Пера му се заблагодарил на Гасол со зборовите дека секогаш ќе му посака добредојде кога Шпанецот ќе дојде во Мемфис и дека „својот дрес ќе може да го гледа на врвот на салата во Мемфис, веднаш до дресовите на Зак Рендолф и Тони Ален“.

Марк Гасол речиси 11 години играше за Мемфис, а во Торонто замина во замена за Јонас Валанчунас, Си-Џеј Мајлс, Делон Рајт и пик на драфтот во 2024 година.

Scroll to Top