Маурисио Почетино ја остави можноста да се врати во Премиер лигата како тренер на Арсенал или на Манчестер јунајтед, велејќи дека сега му е потребен мал одмор дома во Аргентина пред да размислува за следниот проект.
47-годишниот Почетино беше отпуштен по пет и пол години со Тотенхем, во изненадувачка одлука на клубот да го сменат со Жозе Мурињо, но признава дека нема долго да седи без работа.
„Има многу клубови и атрактивни проекти кои би можел да ги преземам. Но, во моментов најважно е да ја ’исчистам’ главата по пет и пол сезони со Тотенхем. Целта е да ја вратам мотивацијата, а треба да се вратам во Европа. Тешко е да се очекува проект во Аргентина, но не би отфрлил таква можност поради моето семејство. Немав многу време за размислување, и првата одлука беше да се вратам дома и да ги видам пријателите и семејството. Но, очекувам да се вратам во Европа. Отворен сум да ги слушнам сите проекти пред мене“, вели Почетино во интервју за „Фокс спорт“.