Тотенхем утре ги стартуваат натпреварите од Лигата на шампионите против Интер, но нивниот менаџер Маурисио Почетино признава дека лондонскиот клуб не е реален фаворит во ниту едно натпреварување оваа сезона. Барем не со оваа форма.
Тотенхем победија во првите три меча од новата сезона, вклучувајќи импресивна 3:0 победа над Манчестер јунајтед, за да ги кренат очекувањата на гладните за трофеи навивачи, но потоа загубија од Ватфорд и Ливерпул и Почетино не верува дека се фаворити.
„Реално, не сме конкуренти за титула во ниту едно натпреварување, но тоа е само мое мислење. Ако покажеме исто лице како против Ватфорд, не е реално да очекуваме титули. Ако покажеме нешто од тоа што го покажавме против Манчестер јунајтед, тогаш можеби. Мораме да бидеме подобри, многу подобри“, вели Почетино.