Top Sport

Почина англиската легенда, Кевин Киген

Поранешниот англиски фудбалер, легенда на Ливерпул и Њукасл, Кевин Киган почина попладнево на 76-годишна возраст.

Веста за смртта на фудбалскиот великан ја потврди неговото семејство во соопштение.

„Поранешниот англиски фудбалер и тренер се бореше со рак, беше опкружен со своето семејство со целото внимание на неговата сопруга и ќерка во последните денови.

Двократен освојувач на Златната топка, Кевин беше сакан сопруг, татко и дедо. Семејството сака да им се заблагодари на лекарите за нивните неверојатни напори и грижа.

Ве молиме за вашата приватност во ова тешко време“, соопшти семејството.

Киген се бори со ракот од јануари.

Киген беше еден од најдобрите играчи на својата генерација и имаше извонредна кариера. Тој одигра 750 натпревари на клупско ниво, беше шампион на Англија четири пати со Ливерпул и ја освои Златната топка двапати по ред (во 1978 и 1979 година), во тоа време играше во Хамбург.

Седум години откако ја заврши својата кариера, во 1992 година го прифати својот прв тренерски предизвик и стана менаџер на Њукасл, го спаси клубот од испаѓање во третата лига таа сезона, а веќе следната сезона се квалификуваа за Премиер лигата. Тој исто така ги водеше Фулам, Манчестер Сити и конечно повторно Њукасл.

Тој одигра 63 натпревари за репрезентацијата на Англија и постигна 21 гол. Беше и селектор на Англија од февруари 1999 до октомври 2000 година. Поднесе оставка само неколку минути по поразот од Германија со 1:0 на стариот Вембли.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');