Top Sport

(Видео) „Не можев да дозволам едно детиште да го навредува Меси“

Откако се изрезили и себеси и аргентинскиот фудбал пред очите на целиот свет, Леандро Паредес им кажа на медиумите во неговата земја зошто го нападнал Гави по финалниот натпревар на Светското првенство во фудбал.

„Гави ми пријде веднаш по последниот свиреж на судијата, додека сите славеа. Ме погледна и на шпански рече дека денес судија и ВАР-от не беа тука за да му помогнат на Меси. Тоа не ми се допадна. Беше непочитување, особено кога натпреварот веќе беше завршен“, рече Паредес и додаде:

„Му се приближив и го удрив во лице. Не можев да стојам настрана и да дозволам детиште да зборува така за Меси. После тоа, сè излезе од контрола. Играчи од двата тима втрчаа, имаше туркање, викање и сите се обидуваа да ги заштитат своите соиграчи. Вакви работи се случуваат кога емоциите се на врвот по финалето на Светското првенство.“

Потоа истакна дека не е горд на сè што се случило, но…

„Не сум горд поради инцидентот, но не можев да дозволам некој да го навредува Меси а јас да гледам и да не реагирам.“

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');