Top Sport

Почина Ерик Рој тренерот на Брест

Тренерот на францускиот прволигаш Брест, Ерик Рој, почина на 59-годишна возраст, беше објавено во среда.

Рој страдаше од рак на панкреас повеќе од три години, но тоа не го спречи да го предводи Брест кон постигнување историски успех и да го воведе овој клуб во Лигата на шампионите, откако го освои третото место во сезоната 2023/2024.

Во истата сезона, тој беше прогласен за најдобар тренер во француската Лига 1.

Сезоната 2024/2025, Брест како дебитант избори пласман во нокаут фазата, каде испадна од ПСЖ.

Ерик Рој имаше многу успешна фудбалска кариера, играјќи за Ница, Лион, Марсеј, Сандерленд, Троа, Рајо Ваљекано. Играше како играч од средниот ред.

Работел и како спортски директор во Ленс и англискиот Вотфорд.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');