Ермано Пјерони, човекот кој правеше чуда со Перуџа и Анкона, ги откри фудбалските ѕвезди Џенаро Гатузо и Марко Матераци, и кој му даде прва италијанска шанса на Горан Пандев почина на 76 години по долга болест.
Како директор на Перуџа, тој успеа да ги крене од Серија Ц до Серија А, откривајќи ги талентите на голманот Лука Маркеџани, ги донесе младите Гатузо и Матераци и непознатиот Хидетоши Наката во Перуџа. По ова тој стана претседател на Анкона, и нив ги донесе од Серија Ц2 до Серија А, авантура што заврши со 13 поени во елитата, и славното деби на Горан Пандев.
Пјерони работеше и во Арецо, каде што на почетокот на тренерските кариери им даде шанса на Антонио Конте и Маурицио Сари, а „Ил маго“, како што го викаа навивачите на Перуџа, честопати беше во конфликт со менаџерите, тимовите, новинарите и фановите.