Top Sport

Почина легендата на Партизан Момчило Вукотиќ

Легендата на белградски Партизан, Момчило Вукотиќ, почина во петокот во Белград на 72 годишна возраст. Српските медиуми објавија дека Вукотиќ починал од рак на грлото.

Момчио Вукотиќ е еден од најголемите фудбалери во историјата на Партизан. Во два мандати го носел црно-белиот дрес, од 1968 до 1978 и 1979 до 1984 година, во сезоната 1988/89 бил тренер на Партизан.

Според бројот на одиграни натпревари за Партизан се наоѓа на второто место, на вечната листа. Пред него е само Саша Илиќ кој лани ја заврши кариерата.

Покрај во Партизан, една сезона играл и во Бордо. Како тренер работел во Паниониос, Алтај, Неа Самарис, Аполон Лимасол, Етникос, Фарул, ПАОК, Левидијакос и Пансераикос, бил селектор на репрезентацијата на Кипар.

Scroll to Top