Top Sport

Леброн излезе од изолација ќе игра против ЛА Клиперс

Леброн Џејмс, во вторникот, го пропушти дуелот со Сакраменто. Играчот на Лејкерс доби позитивен тест на коронавирусот поради што мораше да биде во карантин. Џејмс ќе биде во тимот за вечерашното дерби против ЛА Клиперс.

НБА лигата објасни како е можно Леброн по само три дена се браќа во тимот на ЛА Лејкерс.

„Доби два негативни теста во рок од 24 часа, поради што излезе од здравствено-безбедносниот протокол. Во ковид-протоколот влезе во вторникот, на 30.ноември, бидејќи тестовите дадоа различни резултати. Меѓу нив беше и првиот тест направен на 29.ноември. Дополнителните тестирања потврдија дека тој не е позитивен на вирусот“.

Леброн Џејмс оваа сезона веќе пропушти 12 натпревари, поради разни повреди.

Scroll to Top