Челси потврдија дека нивниот поранешен голман, Питер Бонети починал на 78 години по долга битка со болест.
Бонети, кој имаше прекор „мачка“ поради своите рефлекси, одигра 729 натпревари за Челси, со што е втор на листата на клубот од Лондон. Бонети исто така одигра седум меча за Англија и беше замена а Гордон Бенкс во шампионската репрезентација од 1966 година.
Бонети беше фудбалер од младинската школа на Челси заедно со Боби Темблинг и Тери Венејблс, пред да дебитира на 18 години во 1960 година. Тој беше прв избор на голот на Челси во 1960-тите и 1970-тите, како дел од генерацијата голмани кои ја редефинираа позицијата на голман со доминација во пеналтикот и напад на напаѓачите со излегување од својот простор.
Тој беше меѓу првите голмани кои носеа ракавици, на почетокот обични ракавици за работа во градина, а потоа сопствен бренд „Питер Бонети“, кој потоа стана стандард. По пензионирањето тој беше еден од првите специјалисти тренери на голмани во Челси.