Top Sport

Почина постариот брат на Зинедин Зидан

Фудбалерите на Реал Мадрид оддржаа една минута молк за Фарид Зидан, 54-годишниот брат на нивниот тренер Зинедин Зидан, кој почина од рак во Франција.

Зидан ги напушти подготовките на клубот во Канада, а клубот сега преку Твитер потврди дека неговиот брат починал, а утрово фудбалерите му оддадоа минута почит. Синот на Зидан, Лука Зидан, кој замина во Сантандер на позајмица, исто така побара од клубот да го пуштат.

„Сите членови на првиот тим на Реал Мадрид оддржаа минута молк пред тренингот по смртта на Фарид Зидан, братот на нашиот тренер, Зинедин Зидан“, се вели во објавата на „кралскиот клуб“.

Scroll to Top