Top Sport

ТдФ: Де Гент со победа, Алафилип ја врати жолтата маичка

Томас де Гент стигна до соло победа на осмата етапа на Тур де Франс, додека Жулиен Алафилип го врати водството во генерален пласман за да осигура Французин да ја носи жолтата маичка на Денот на Бастилја, националниот празник на Франција.

Тибо Пино (Групама-ФДЈ) исто така имаше одличен ден за да одземе 20 секунди пред ривалите за победа откако беше заедно со сонародникот, додека актуелниот шампион Герант Томас падна на 16 километри пред крајот, пред да се врати во главната група.

Белгиецот Де Гент ја искористи совршената етапа за соло-напад, ридестата етапа од 200 километри од Масон до Сент Етјен, и единствени кои останаа со него беа двајцата Французи, и тие заостанаа шест секунди, додека главната група заостана дополнителни 20 секунди.

Алафилип сега го помина Италијанецот Џулио Чиконе со 23 секунди, додека Пино заостанува 53 секунди. Томас е петти со 1:12 послабо време.

Scroll to Top