Наполи по 33 години е италијански шампион. Нешто што ретко се случува и за навивачите на клубот од јужна Италија е празник, така што не изненадува што на „Ибеј“ веднаш се појавија луди понуди за да се одбележи титулата.
Кога вчера заврши гостувањето во Удине со 1:1 реми со Удинезе, навивачите на Наполи влетаа на теренот и почна да откинуваат делови од тревата, кои сега се појавија на сајтот за аукции. Еден од нив бара дури 500 евра за ова „историско“ парче трева.
Од друга страна во Неапол, управата на клубот организираше следење на мечот на нивниот „Стадио Диего Армандо Марадона“, но презеде мерки на претпазливост, покривајќи го теренот со сина прекривка.
NAPOLI FANS SAVING PIECES OF UDINESE TURF ON WHICH THEY WON TITLE. 🌱🌱🌱
Football. A sport so powerful, it will cause grown adults to dig up pieces of turf and save them in bags. pic.twitter.com/5Hj0Ifc9sl
— Men in Blazers (@MenInBlazers) May 4, 2023
#Napoli tifosi mettono su Ebay una zolla della #DaciaArena a… 700 euro! https://t.co/4AmOgbL93J
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) May 5, 2023