Италијанските истражни органи неколку дена, во канцелариите на Јувентус, ги „чешлаат“ финансиските книги.
Финансовата полиција се сомнева дека челниците на Јувентус, претседателот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед и поранешниот спортски директор, Фабио Паратичи проневериле 50.000.000 евра, во периодот од 2018 до 2021 година.
Најнова информација во целиот случај е дека Министерството за финансии, истражува какви биле економските односи помеѓу Јувентус и поранешниот фудбалер, Кристијано Роналдо.
Португалецот, во финишот на летниот преоден рок го напушти Јувентус и се пресели во Манчестер јунајтед.
Агенцијата „АНСА“, Роналдо во овој момент не е под истрага.
Истражните органи наредиле да се проверат актуелните, но и приватните документи поврзани со договорите и платите на фудбалерите.