Натпревар одиран во Првата лига на Србија се наоѓа под истрага на УЕФА. Станува збор за дуелот помеѓу Железничар и Тимок 1919 (3:2), одигран на 13.септември, во рамките на шестото коло.
УЕФА го истражува дуелот бидејќи коефициентите, за водство на Желзиничар на полувреме и победа на крајот, паѓале на денот на одигрувањето на натпреварот.
Поднесена е дисциплинска пријава против четворица фудбалери на Тимок 1919. За нов се вели дека „со невообичаени активности на теренот и овозможиле на противничаката екипа да победи“.
Клубот, во меѓувреме ги раскина договорите со овие фудбалери.
Ова е втор случај во Србија, во изминатите осум месеци, кој се наоѓа под истрага на УЕФА. Претходно поради сомнителни активности на Борац и Јагодина им беа одземени по шест бода. Клубовите платија и парична казна од 10 милиони динари.