Top Sport

Надал се повлече од Индијан Велс, го откажа и настапот во Мајами

Рафеал Надал поради повреда се повлече од мастерсот во Индијан Велс. Надал во полу-финалето требаше да игра против Роџер Федерер, кој без борба се пласира во утрешното финале.

Шпанецот почувствува болки во десното колено, вчера, во четврт-финалето против Карен Хачанов. Во вториот сет поради повредата тој доби и медицинска помош.

Четврт-финалето Надал го доби во два тај-брејка.

Шпанскиот тенисер, денес, го одработил тренингот, по кој решил да не ризикува со повредата и да се повлече од турнирот.

Тенискиот свет со нетрпение го очекуваше дуелот помеѓу Надал и Федерер, што требаше да биде нивно прво соочување по мастерсот во Шангај во 2017 година.

На новинарите во Индијан Велс Надал им изјавил дека нема да учествува на наредниот мастерс во Мајами.

„Се враќам дома и ги започнувам подготовките за турнирите што следуваат на земјана подлога“, рекол шпанскиот тенисер.

Scroll to Top