Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора преку Фејсбук потврди дека се утврдени датумите за реваншите од полуфиналињата од Копа Италија – Јувентус-Милан ќе играат во петок, на 12 јуни, Наполи-Интер ќе играат следниот ден, додека финалето ќе се оддржи на 17 јуни.
Со ова ќе се овозможи простор за опоравувањето на фудбалерите по реваншите до финалето на „Олимпико“ во Рим на 17 јуни. Ова значи дека Серија А може да се рестартира на 20 јуни.
Првите мечеви во двата дуели се одиграа во февруари. Милан и Јувентус одиграа 1:1 на „Сан Сиро“, додека Интер дома загуби од Наполи со 0:1.