Леванте на македонскиот репрезентативец Енис Барди може комотно да се подготвува за животот во втората лига, откако на гостувањето на „Керамика“ кај Вилјареал во првиот меч во 2022 беше потопен со 5:0.
Булаје Дија уште во осмата минута го најави триумфот на домаќините, за веќе во 13. минута Пау Торес да зголеми на 2:0. Жерард Морено до крајот на полувремето во 37. минута постигна гол за 3:0, пред во второто полувреме Ману Тригерос во 74. минута да погоди за 4:0. Морено ја комплетираше „петардата“ во 79. минута од мечот.
Тимот на Барди, кој беше на теренот до 78. минута, останува закован на дното на Ла лига без победа во 19 кола и со осум поени, дури осум зад безбедната зона. Вилјареал, пак, со четвртата победа во низа се на осмото место со 28 поени, шест од топ 4 пласман.