Кристијано Роналдо Јуниор има уште подобра статистика по трансферот од Реал Мадрид во Јувентус од неговиот татко!
Осумгодишниот Кристијано Јуниор дебитираше за Јувентус со четири гола во 7:1 победата над Лученто во дуел на У-9 екипите, а сега постигна неверојатни седум гола на турнир на родниот остров на неговиот татко, Мадеира.
Со бројот 7 на грбот и со бабата Долорес Авеиро на трибините, Кристијано Јуниор доминираше во 25:0 победата на Јувентус У-9 над Маритимо Кина на локалниот турнир. Во вториот меч на турнирот, тој додаде пет гола во 15:1 победата над Камача, јавува „Ас“.