Даниел Субашиќ минатото лето беше на врвот на светот откако неколку пати ја спасуваше хрватската репрезентација на патот до историското финале на СП во Русија, но потоа 2019 не му беше најдобра, барем засега.
Монако имаше катастрофална сезона во која се бореше за опстанок, а сега неговото место во клубот стана неизвесно, откако Леонардо Жардим го донесе Бенжамин Леком како прв голман на тимот. Но, неочекувано, сега шпанска „Марка“ тврди дека Хрватот го очекува спектакуларен трансфер во Реал Мадрид, каде што би бил замена на првиот голман Тибо Куртоа и би го „фатил“ местото на Кејлор Навас, кој бара нов клуб.
Иако ситуацијата за него е иста – во двата клуба ќе биде резервист, сепак, морате да се сложите дека е подобро да си резерва во Реал, отколку во Монако.
? A new Diego López?@marca reports that @realmadriden will look to sign an experienced goalkeeper as backup to Thibaut Courtois if Keylor Navas leaves.@diarioas suggest possibilities include Pepe Reina, Danijel Subašić, Antonio Mirante & Maarten Stekelenburg.#LLL
???⚽️ pic.twitter.com/H4u6aofrFM— La Liga Lowdown ???⚽️ (@LaLigaLowdown) August 22, 2019