Top Sport

Калараш се пофали: Се враќа во Вардар!

Рускиот ракометар, Глеб Калараш на социјалните мрежи се пофали дека се враќа во Скопје, само неколку месеци откако попиша договор со украинскиот клуб Мотор Запорожје.

Калараш, очигледно, не може без Вардар, и го раскина договорот со украинскиот шампион, и веднаш се пофали на Интернет со фотографија со авионските билети со кои пристигнува во Скопје.

Се очекува набргу, РК Вардар да го потврди неговото враќање во тимот со кој лани ја освои Лигата на шампиони.

Фото: РК Вардар

Scroll to Top