Top Sport

„Подзаборавениот“ Субашиќ пред трансфер во Реал?

Даниел Субашиќ минатото лето беше на врвот на светот откако неколку пати ја спасуваше хрватската репрезентација на патот до историското финале на СП во Русија, но потоа 2019 не му беше најдобра, барем засега.

Монако имаше катастрофална сезона во која се бореше за опстанок, а сега неговото место во клубот стана неизвесно, откако Леонардо Жардим го донесе Бенжамин Леком како прв голман на тимот. Но, неочекувано, сега шпанска „Марка“ тврди дека Хрватот го очекува спектакуларен трансфер во Реал Мадрид, каде што би бил замена на првиот голман Тибо Куртоа и би го „фатил“ местото  на Кејлор Навас, кој бара нов клуб.

Иако ситуацијата за него е иста – во двата клуба ќе биде резервист, сепак, морате да се сложите дека е подобро да си резерва во Реал, отколку во Монако.

Scroll to Top