Манчестер јунајтед подготвиле нов договор за Пол Погба. Доколку ја прифати понудата, францускиот репрезентативец, ќе ја има најголемата плата во Премиер лигата.
Договорот на Пол Погба со Манчестер јунајтед истекува во јуни наредната година. Клубот сака да го задржи на „Олд Трафорд“, поради што ќе добие богат договор.
Според англиските медиуми, Јунајтед за Погба подготвиле петгодишен договор, според кој неделно би заработувал 400.000 фунти.
Интерес за Погба покажуваат ПСЖ и Реал Мадрид, но со огледа на понудата, реално е тој да остане во Манчестер јунајтед.