Top Sport

Погба: Јунајтед ќе ги победат Сити и без мене

Пол Погба верува дека неговите Манчестер јунајтед ќе го добијат градското дерби со Сити во недела и покрај тоа што тој е суспендиран од тој меч.

Французинот има целосна доверба дека Јунајтед ќе освојат три поени на „Олд Трафорд“ со што ќе ја намалат разликата на Сити на врвот на табелата на Премиер лигата на само пет поени.

„Имам целосна доверба во тимот. Иако јас не сум таму, ќе го гледам натпреварот, ќе давам позитивна енергија и се надевам дека ќе победиме. Се работи за големо дерби, и атмосферата ќе биде фантастична. Апсолутно ни е потребна таа победа, бидејќи со осум поени разлика не се освојува титула. Но, да не верував дека можеме да ги стигнеме, ќе престанев да играм фудбал“, објаснува Погба.

Французинот исто така демантираше дека постоела лоша намера при газењето на Ектор Белјерин во дербито со Арсенал, за што доби директен црвен картон и суспензија од три меча.

„Не зборував по натпреварот бидејќи немав време, но мислам дека и Ектор, кого добро го познавам, знае дека никогаш не сакам да влезам во таков остар дуел со намера за повреда. За моја несреќа, мислев дека ќе го крене стапалото и бев во лоша позиција. Знам дека изгледа многу лошо, но намерата не беше таква. Но, тоа е фудбалот“, вели Погба.

Тој исто така очекува цел Манчестер да биде на нозе за мечот во недела.

„Јунајтед против Сити секогаш било големо дерби. Еден град, два клуба. Знаете како е, така што не морам да зборувам многу. Знам дека атмосферата ќе биде неверојатна“, додава Французинот.

Јунајтед нема да се жалат за црвениот картон на Погба

Де Бројне: Карма за Погба? Не верувам во такви ср.ња!

 

Scroll to Top