Top Sport

Погба ќе патува со Јунајтед на азиската турнеја

Пол Погба е меѓу фудбалерите на Манчестер јунајтед кои ќе патуваат со клубот на 18-дневната турнеја низ Азија и Австралија и покрај големиот број на шпекулации дека веќе си заминал од клубот.

26-годишниот Погба доби дозвола од менаџерот Оле Гунар Солскјер да отсуствува од тренинзите оваа недела, во која неговиот агент Мино Рајола изјави дека сите во клубот знаат дека Французинот сака нов тим.

Во тимот кој патува за Австралија се и новите засилувања Арон Ван-Бисака и Даниел Џејмс, како и Ромелу Лукаку, кој има долги преговори со Интер. Бразилецот Фред и Италијанецот Матео Дармијан добија дозвола да останат поради приватни причини, но се очекува подоцна да се приклучат на тимот.  Алексис Санчез вчера ги заврши настапите на Копа Америка, каде што во поразот од 2:1 од Аргентина во мечот за третото место го повреди бутниот мускул.

Јунајтед пристигнуваат во Перт, Австралија во понеделник попладне, и таму ќе играат против Перт глори (13 јули) и Лидс (17 јули), пред во Сингапур да играат со Интер (20 јули) и во Шангај со Тотенхем (25 јули).

Scroll to Top