Top Sport

Погба мора да оди на операција и ќе го пропушти Светското првенство во Катар

Францускиот интернационалец Пол Погба ќе мора да замине на операција на коленото, информираат италијанските медиуми. Тој на конзервативен начин ја лекуваше повредата, се обиде да тренира, но коленото не може да издржи, па Јувентус денеска донесе одлука Французинот да биде опериран.

Погба мора да оди на операција на менискусот, по што следува нов период на рехабилитација. Нема прецизни информации, но тој најверојатно ќе мора да паузира околу три месеци, а тоа значи дека ќе го пропушти мундијалот во Катар.

Во најдоброто сценарио, со забрзана рехабилитација, Погба би можел да се врати на терените за шест недели, но и тогаш е прашање во каква физичка форма би можел да биде во ноември.

Погба летово по шест години се врати во Јувентус, но веднаш се повреди.

Scroll to Top