Top Sport

Ди Марија нема да заигра на „Паркот на принцовите“ во дресот на Јуве

Јувентус ќе биде значително ослабен на стартот на новото издание на Лигата на шампионите. Едно од најголемите засилувања, Аргентинецот Анхел ди Марија, нема да биде во тимот за утрешното гостување против ПСЖ. Тој нема да заигра против неговиот поранешен тим на „Паркот на принцовите“.

Ди Марија има проблеми со бутниот мускул, а иако утрово се обидел да тренира, сепак, лекарската проценка е дека не треба да ризикува и да настапи на воведниот меч од елитното европско клупско натпреварување.

Масимилијано Алегри нема да може да смета и на првиот голман Војчех Шешни и на Пол Погба кои подолг период се повредени.

Scroll to Top