Top Sport

Погба може во Реал, но само ако Крос дојде во Манчестер

Британскиот таблоид „Сан“ тврди дека Манчестер јунајтед конечно „кренале раце“ од Пол Погба и дека се подготвени да ја исполнат неговата желба и да го продадат на Реал Мадрид, но само ако во спротивна насока дојде германскиот ас Тони Крос.

Според „Сан“, во Јунајтед веќе има атмосфера да се поддржува 26-годишниот Погба, кој има само два настапи од септември поради повреда на скочниот зглоб, и сметаат дека клубот заостанува две-три години зад Манчестер сити и Ливерпул и дека Погба не е вистинскиот човек кој може да го крене тимот.

Реал Мадрид останува посакуваната дестинација на Погба, но договорот тешко дека ќе се оствари во текот на зимскиот преоден рок, и Јуанјтед имаат „услов“ – на „Олд Трафорд“ да дојде 29-годишниот Крос, за кого се заинтересирани подолго време.

Тој беше блиску до трансфер од Баерн Минхен во летото 2014 година (кога го освои Светското првенство со Германија), но понудата на Реал Мадрид не се одбиваше.

Scroll to Top