Иако се веруваше дека со отказот за Жозе Мурињо се осигура иднината на Пол Погба во Манчестер јунајтед, неговата последна изјава повторно ги подгреа шпекулациите за заминување од Англија.
Иднината на 26-годишниот Французин можеби не е на „Олд Трафорд“, откако на прес-конференцијата со француската репрезентација тој призна дека има сон да игра за „кралскиот клуб“, посебно сега, кога тренер повторно е Зинедин Зидан.
„Секогаш сум велел дека Реал Мадрид е сон за секого. Тоа е еден од најголемите клубови на светот. Таму сега е и Зинедин Зидан како тренер и тоа е сон за секој кој го сака фудбалот. Но, засега, јас сум во Манчестер. Не знаеме што носи иднината, но во Манчестер сум среќен“, вели Погба.