Францускиот репрезентативец, Пол Погба, вели дека неговиот соиграч, Антоан Гризман е во добра форма, иако не блескаше на првите два натпревари на светското првенство и победите над Австралија 2:1 и Перу 1:0.
Погба смета дека не се примерни критиките кон Гризман, кој со шест гола беше најдобриот стрелец на последното Европско првенство.
„На Гризу му оди добро. Секогаш е среќен, секогаш е подготвен, знае да се избори со целата ситуација. Не е точно дека тоа не е истиот Гризу, само поради тоа што не постигна гол на минатиот натпревар. Некои велат дека е тоа е така бидејќи потпишал нов договор со клубот. Како што во реков и пред светското првенство, немојте да го чепката мојот Гризу. Го заборавивте Европското првенство, затоа ви велам немојте да го чепкате мојот Гризу“, рекол Погба.
Во последното коло Франција ќе игра против Данска и со еден бод ќе го обезбеди првото место во групата.
„Светското првенство се уште не е завршено има уште многу натпревари. Се пласиравме во осмина-финалето, дали ви е јасно тоа. Дали ви е јасно колкава работа Гризу врши во дефанзивата, тоа тој го прави интензивно. Повторувам немојте да ми го чепкате Гризу“, дополнил играчот на Манчестер јунајтед.
Дуелот помеѓу Франција и Данска се игра во вторник од 16 часот, а во истиот термин ќе играат Перу и Австралија.