Top Sport

Погба: Обидот за киднапирање имаше големо влијание на моето тело и здравје

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба тврди дека обидот за киднапирање во март 2022 имал „огромно влијание“ на неговото тело и на повредите.

Французинот веќе се појави на суд во Фрнација на крајот на март оваа година во случајот со изнудувае пари и организиран криминал во кој беше вклучен постариот брат на Погба, Матијас Погба. Пет луѓе беа уапсени, а потоа и обвинети за кинапирање и обид за изнуда над Погба на 19 март 2022, вклучувајќи го неговиот брат и неколку пријатели од детството. Погба претходно откри дека тие билее вооружени и барале 13 милиони евра за заштита која ќе добивал во иднината. Во последното рочиште на судењето, Погба се пожалил дека тој момеент имал „огромно влијание на моето тело и моите повреди“.

Погба има само 46 минути фудбал со првиот тим на Јувентус по враќањето како слободен играч од Манчестер јунајтед минтото лето по серија повреди. Во тимот се надеваат дека тој може да добие минутажа во четврток во вториот меч од четврт-финалето на Лига Европа против Спортинг Лисабон.

Scroll to Top