Top Sport

Погба повторно се повредил

Францускиот играч за врска од редовите на Јувентус, Пол Погба заработи нова повреда веднаш по враќањето на терените по речиси една година отсуство.

Нема среќа за Погба и Јувентус во вториот заеднички мандат. Французинот беше надвор од терените речиси една година и дури неодамна дебитираше за Јувентус на градското дерби против Торино.

Сепак, во четвртокот не играше против Фрајбург во Лига Европа откако ја прекрши клупската дисциплина.

Погба има повреда на бутниот мускул. Според прогнозите ќе паузира околу еден месец.

Јувентус поради физичката кондиција, но и непрофесионалноста размислува да ја раскине соработката со Погба по завршувањето на сезоната.

Scroll to Top