Пол Погба објави видео од сопствените соло-тренинзи со дрес на Јувентус, но посочи дека се работи само за „поддршка за пријателите“ Блез Матуиди и Албин Екдал, откако тие двајца беа позитивни на корона вирусот.
Јувентус има два потврдени случаи на корона вирусот, Даниеле Ругани и Матуиди, додека Екдал е еден од повеќето фудбалери на Сампдорија кои се инфицирани. Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Погба, кој постојано е поврзуван со трансфер во Јувентус, реши да им прати порака.
„Поддршка до нашите пријатели Блез Матуиди, Албин Екдал и другите спортисти ни целиот свет. Бидете силни, останете дома и бидете безбедни. (Знам дека некои ќе зборуваат за дресот на Јувентус. Само ги поддржувам моите пријатели, ништо повеќе)“, напиша Погба.
Погба го носеше дресот на Матуиди со бројот 14.