Top Sport

Погба се спореди со Исус и порача: Манчестер јунајтед ќе зажалат

Пол Погба очигледно не се раздели со Манчестер јунајтед во најдобри односи откако снимките од документарниот филм „Погментари“ кој ќе биде објавен во петок, порачува дека ќе покаже дека „ѓаволите“ направиле грешка што не му понудиле втор побогат договор и иронично се спореди со Исус.

Се очекува дека 29-годишниот Погба повторно ќе се врати во Јувентус како слободен играч, вторпат во неговата кариера, откако Јунајтед платија 100 милиони евра да го вратат на „Олд Трафорд“, за шест години подоцна да го пуштат да замине по неубедливите игри.

„Мојата мисла е да покажам на Манчестер дека направија грешка што чекаа да ми дадат договор. И да покажам на ругите клубови дека Манчестер направија грешка што не ми понудија договор“, вели Погба во документарецот.

Јунајтед првично му понудија 290.000 фунти недено за нов договор во 2021 година, но во снимката со неговиот покоен агент Мино Рајола, јасно е дека тоа не било доволно.

„Како можете да кажете на фудбалер дека апсолутно го сакате и да не понудите ништо. Не сум видел такво нешто. Кога ви се допаѓа девојка, правите се да ја заведете и не сакате други да ја бркаат. Фудбалерот сака да биде важен во тимот, во неговито клуб. Ако го немате тоа, готово е. Додека моите соиграчи и семејството се среќни, не ми е грижа дали другите се. Дури и Исус не беше прифатен, го распнаа“, му вели Погба на Рајола.

Рајола пак, вели дека проблемот е кај „ѓаволите“.

„Мораме да те направиме да се чувствуваш добро како кога си со француската репрезентација. Поинаков си со нив. Сфаќаш? Ти си поинаков Погба со Манчестер јунајтед. Тоа не е нормално. Со Франција ти си вистинскиот Погба, Погба од Јувентус, Погба кој сите го сакаат. Во Манчестер, нешто те блокира“, објаснува Рајола.

Документарниот филм дебитира утре на „Амазон прајм“.

Scroll to Top